Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје постепено се стабилизира откако вчера и денеска беа забележани откажувања и пренасочувања на летови поради намалена видливост предизвикана од магла, информира операторот ТАВ Македонија.
Во периодот од 20 часот вчера до 12 часот денеска, реализирани се 27 лета, додека вкупно осум лета се откажани – три во пристигнување (Белград, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен) и пет во заминување (Цирих, Белград, Атина, Истанбул и Истанбул – Сабиха Гокчен). Еден лет од Франкфурт-Хан е пренасочен.
- Сите останати слетаа и полетаа согласно планираниот ред на летање. Аеродромот е отворен и сите капацитети се во функција, наведуваат од ТАВ, додавајќи дека персоналот и опремата работат 24/7.
Од компанијата апелираат патниците да ги следат информациите од авиокомпаниите за нивните летови, бидејќи временските услови се менуваат, а секоја авиокомпанија има различни процедури за толеранција при намалена видливост.
Ажурирани информации за распоредот на летање се достапни на веб-страницата https://skp.airports.com.mk/, а патниците можат да се обратат и на инфо-пултот во терминалната зграда или на телефонскиот број +389 2 3148 333.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Делиме иста визија за полоноправно членство во ЕУ
-

Нов судир за младите и ЕУ
-

Пропуст кај дури 39 полицајци утврди МВР за пријавите за насилство против Стојанче Јовановски
-

Дејан Јованов-Деко, давал отпор и не соработувал со полицијата кога ќе затекнела малолетници во дискотеката
-

Годишен извештај на Народниот правобранител – најмногу поплаки за правовосудството
-

Европските министри на итен состанок за енергетската криза
-

ЗНАМ до Филипче: Проверете си ја лојалноста во СДСМ
