Авганистанските сили за безбедност стрелаа во воздух за да ги растераат демонстрантите во Кабул
Авганистанските сили за безбедност стрелаа во воздух за да ги растераат демонстрантите во Кабул, кои бараа оставка на Владата на претседателот Ашраф Гани, по нападот со камион-бомба, кој се случи оваа недела во главниот град.
Над илјада демонстранти се собраа во близина на местото на бомбашкиот напад извршен во средата, во кој загинаа околу сто лица, а 600 беа ранети.
Според нив Гани и раководителот на извршната власт Абдула Абдула ја сносат одговорноста за нападот.
- Гани! Абдула! Оставка! Оставка!, пишуваше на еден од транспарентите, кои се гледаше од прозорец од автомобил, на кој исто така беа залепени фотографии од деца, облеани со крв.
Демонстрантите исто така бараа егзекуција на затвореници од мрежата Хакани, поврзана со талибанците, која според разузнавачките служби стои зад нападот.
Откако некои од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, силите за безбедност почнаа да стреелаат во воздух, за да ги спречат. Нема информации за жртви.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло