Авантуристот Чанг Чунг Јонг го посети Куманово
Триесет и осумгодишниот авантурист Чанг Чунг Јонг од Тајван, кој многумина го нарекуваат Џеки Чен, и кој со велосипед патува низ светот, денеска го посети Куманово.
Овој физичар, инаку дипломиран електроинжинер посетил 30 држави во Северна и Јужна Америка, Европа, а своето патување го продолжува во соседна Бугарија. Патувањето го почнал од Аљаска, од 2015 година, сакајќи да покаже дека светот е негов дом.
- Обично кампувам на отворено на автобуски полициски станици, на отворено, ретко кога во хотел. Овде ми понудија престој во противпожарната станица. Обично имам позитивно искуство, но ми се случувале и кражби, рече Чанг Чунг Јонг.
Тој се заблагодари на екипата од Противпожарната единица која го примила и му понудила сместување. Посочи дека користи интернет за да може да се дружи со локалното население низ земјите во кои патува.
Патувањето ќе го продолжи во земјите од Азија и Африка под мотото „Оди или умри“. Со оваа авантура планира да заврши во 2020 година, враќајќи се во неговата родна земја
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава