„Аутомобили Гроуп“ нов овластен увозник на „Јагуар и Ленд Ровер“ за Македонија
„Аутомобили Гроуп“ е нов официјален импортер и дистрибутер на автомобилските брендови „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ за регионот на Македонија и Косово.
Генералниот директот на „Аутомобили Гроуп“ Кочо Бураку изјави дека нивното долгогодишно искуство во индустријата им дава за право да бидат сигурни во успехот на „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ во Македонија и Косово.
- Побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент автомобили за целосно задоволство на клиентите, рече Бураку.
Генералниот директор на „Wallis Automotive Europe“ Ендру Прест, кои се официјален застапник на возилата „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ за Адриатик регионот, изрази задоволство за договорената соработка со компанијата „Аутомобили Гроуп“.
- Британскиот производител на „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ ја одбра токму нашата компанија да ги претставува овие брендови во регионот и тоа во возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст. „Јагуар“ годинава забележа раст од 82 проценти и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. До крајот на оваа финансиска година, „Јагуар“ и „Ленд Ровер“ ќе комерцијализираат и три нови модели, рече Прест.
„Аутомобили Гроуп“ подготвува нов објект на 680 метри квадратни што ќе биде составен од изложбен салон, продажба, канцеларии, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила на сервис. Официјалното отворање е најавено за април 2017 година.
Ново на Сител
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда
-
Одбраната на Палевски бара дополнително вештачење на чаурата од местото на убиството на Жежовски
-
50 денари еден час паркирање на Клинички - Нов газда, нови повисоки цени!
-
Инфлацијата расте, виновни за високите цени се маркетите и увозниците, Пазарна казнува