-->
-->
Аукција на џиновски новогодишни честитки во кривопаланечкото основно училиште “Илинден”
-->
На аукцијата што ќе се одржи во холот на основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка, денеска ќе бидат изложени над двесте оригинални изработки, и тоа џиновски новогодишни честитки, елки, украси и декорации, изработени од рециклиран материјал.
-Новогодишните празници се големи празници, кога треба да имаме голема елка, голем настан и се разбира големи желби, а каде би ги напишале големите желби ако не во големи џиновски честитки. Така се роди идејата за овој настан во кој учествуваа учениците и вработените во соработка со родителите. Од рециклирани материјали изработени се дваесет џиновски честитки и околу 150 мали честитки што се изложени на штафелаи и штандови во училишниот хол, рече наставникот Добри Јовевски.
Рециклираниот материјал, како што посочи тој, го обезбедиле од локални општествено-одговорни компании што ја поддржале оваа активност и за целиот процес соработувале со тимот што ги водел активностите во училиштето.
-Добро е и полезно да организираме почесто активности од овој вид во училиштето, бидејќи кај учениците се развива духот за претприемништво и начинот на прибирање средства кои би ги намениле за различни активности во зависност од потребите и идеите на ученичката заедница во нашето училиште, посочи директорката Марица Николовска.
За одбележување на Новогодишните празници во училишниот хол учениците и наставниците изработија голема новогодишна елка со околу 400 пластични шишиња. Шишињата ги донесоа сите ученици, подеднакво давајќи придонес за одбележување на празниците.
Настанот е отворен за јавноста, а најавено е присуство и на голем број претставници од јавни институции и компании што ќе учествуваат на аукцијата за да купат џиновска честитка што ќе ги краси нивните деловни простории.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров
-
21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-
Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното