Македонија
28. January 2022 - 12:36

„Ауди“ полно со мигранти излетало од патот Валандово-Струмица, возачот избегал

Ауди во кое се превезувале мигранти излетало од патот, по што еден мигрант се здобил со повреди, а возачот го напуштил местото на несреќата.

- На 28.01.2022 во 06.05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Р 1401 Валандово-Струмица патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистерски ознаки, излетало надвор од коловозот, а во него се превезувале 9 лица – мигранти од Сирија. Еден од мигрантите се здобил со телесни  повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид извршила екипа на Полициска станица Валандово.

Мигрантите се пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ Гевгелија, а СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото, кој го напуштил местото на настанот.