Фудбал
1. October 2017 - 9:34

Атракција на Нејмар против Бордо

Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо го поразија Бордо 6:2 (5:1) во осмото коло, во фудбалскиот шампионат на Франција. Мечот го обележа Нејмар со два гола и една асистенција.
 
Гол шуото против Бордо го отвори Нејмар со спектакуларен гол од слободен удар, потоа Бразилецот му асистираше на Кавани. Белгискиот бек Муније зголеми на 3:0 во 21.минута, а десет минуит подоцна резултатот го намали Санкаре.
 
Во последните пет минути од првото полувреме ПСЖ постигна уште два гола, преку Нејмар од пенал и Дракслер.
 
Во второто полувреме Мбапе, кој му асистираше на Дракслер за петтиот гол погоди за 6:1, а конечниот резултат го постави Малком од пенал.