Loading Video...
Фудбал
9. May 2022 - 11:05

Атлетико се поблиски до пласман во Лигата на шампионите

Екипата на Атлетико Мадрид е чекор поблиску до обезбедување пласман во Лигата на шампионите следната сезона. 
 
Во големотото мадридско дерби, Атлетико го победи градскиот рибал Реал со 1-0, со голот на Караско во 40-тата минута од пенал. 
 
Со оваа победа, но и благодарение на поразите на Бетис од Барселона, односно Сосиедад кој загуби од Леванте, сега Атлетико има шест односно осум бодови повеќе од овие две екипи. 
 
До крајот на сезоната во Ла Лига остануваат уште три кола.