„Атинска“ варијанта на мутација на Ковид-19 ги загрижува епидемиолозите во Грција
Варијанта на веќе постоечка мутација, што се појавила во центарот на Атина, претежно кај мигранти, предизвикува загриженост кај грчките епидемиолози, пишуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчките медиуми, мутацијата Β 1.1.318 (Variant E484K), која е слична на нигерискиот сој, ја нарекуваат „атинска“ и пренесувајќи изјави на епидемиолози и професори, пишуваат дека оваа варијанта побрзо и полесно се шири.
Претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, за конкретната тема, на синоќешната прес конференција рече дека „не може да се каже дека не постои загриженост за било која варијанта што се појавува“, но додаде дека постојат системи за строг надзор и регистрација што го следат развојот.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за мутациите во земјата, до четвртокот од конкретниот сој Β 1.1.318 биле потврдени 829 случаи, што претставува 9,24 отсто од вкупниот број мутации во земјата.
Ново на Сител
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија