Атина лута: Провокација на Рама со карта со грчки територии
Грчките медиуми остро реагираат по објавувањето на фотографијата на која се албанскиот премиер Еди Рама и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, а зад нив е „стара георафска карта на албанските територии“.
Станува збор за фотографија од средбата Рама-Коѕиас од пред два дена, за време на престојот на Коѕиас во Тирана.
Грчките медиуми оценуваат дека ова е провокација од соседите, зашто на географската карта на Албанија опфатени се и грчки територии.
- Која беше рекацијата на грчкиот министер? Апсолутно никаква! Знаеше дека ќе се фотографира? Сируно да!, пишува меѓу другото грчкиот „Епирус Пост“.
Грчкиот портал „Њузбомб.гр" прашува дали Коѕиас не знаел за каква карта станува збор?
- Не се изненади што грчки региони се опфатени во картата? Зошто не реагираше? Зошто не го праша албаскиот премиер за картата, наместо да се смее на фотографијата? На крај, има ли надворешна политика оваа земја? Има ли грчка дипломатија? Грчкиот народ бара објаснување, наведува порталот.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи