Атанасов: Членството во ЕУ и НАТО ќе значи поквалитетно образование
Членството во Европската унија и НАТО за младите во Република Македонија значи поквалитетно образование, подобар образовен систем, можност за студирање на најдобрите универзитети во Европа, пристап до европските образовни и младниски програми. Сето тоа, значи, подобро платени работни места и подобар живот, порача заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов.
- Сите се залагаме за поквалитетно образование. Со нашиот европски пат ќе добиеме поголем пристап до европските образовни младински програми и можност за студирање на најдобрите универзитети. Истовремено, ќе ги надградиме нашите образовни стандарди преку европските проекти, Еразмус плус и други. Ќе изградиме подобар образовен систем, а нашата крајна цел е европско образование, овде во Македонија. На 30-ти септември бараме поддршка од сите млади, поквалитетно образование ќе значи подобро платени работни места и подобар живот, изјави Атанасов.
Ново на Сител
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции