Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО

Четири астронаути од мисијата „Артемис II“ безбедно се вратија на Земјата по десетдневен лет околу Месечината, со што заврши првата американска мисија со екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век.
Екипажот составен од Рид Вајсман, Кристина Кох, Виктор Гловер и канадскиот астронаут Џереми Хансен слетаа со капсула „Орион спејскрафт“ во Тихиот Океан, крај брегот на Сан Диего, во 20:07 часот по источно американско време.
Леталото слета исправено со помош на три падобрани, а спасувачките екипи брзо пристигнаа на местото на слетување. Пред слетувањето, имаше шестминутен прекин на комуникацијата со контролата на мисијата во „Џонсон Спејс Центар“, што е вообичаено за минување низ атмосферата.
По безбедносната проверка, членовите на екипажот ја напуштија капсулата и беа префрлени со хеликоптер на транспортниот брод на американската морнарица „USS John P. Murtha“, каде што ги поминаа првите медицински прегледи.
За време на мисијата, астронаутите прелетаа вкупно околу 1.126.540 километри и поставија нов рекорд за најголемо растојание поминато од луѓето од Земјата, околу 406.769 километри, надминувајќи го рекордот поставен од екипажот на Аполо 13.
Успешното завршување на мисијата е важен чекор во рамките на програмата „Артемис“ на НАСА.
Агенцијата планира да ја лансира мисијата „Артемис III“ кон средината на 2027 година, додека слетување на Месечината е предвидено за 2028 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп му честиташе на екипажот за, како што изјави, „спектакуларното патување и совршеното слетување“, додавајќи дека со нетрпение го очекува нивниот прием во Белата куќа и идните мисии, вклучувајќи ги и плановите за лет до Марс
МИА
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
