„АстраЗенека” е подготвена вакцините за Бугарија да ги испорача два дена порано
По острото писмо на бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, поради најавеното намалување на снабдувањето со вакцини на „АстраЗенека“, шведската фармацевтска компанија во писмен одговор пренесен од приватната телевизија НОВА наведува дека „како резултат на нивните тековни напори очекуваат да бидат во можност да ја испорачаат следната количина вакцини во Бугарија два дена порано од планираното“, јави дописникот на МИА од Софија.
„Производството на вакцини е процес со висок степен на техничка сложеност. Иако компанијата прави неуморен напор да одговори на предизвиците што се појавуваат во текот на производството, може да има некои промени и тешкотии во воведувањето на секој нов производствен процес. До средината на март очекуваме уште две испораки за Бугарија“, одговори „АстраЗенека“.
Бугарското Министерство за здравство вчера испрати остар допис до шведската компанија во врска со најавеното доцнење во снабдувањето со вакцини. Во него, министерот за здравство забележа дека во моментов има сериозно доцнење во снабдувањето со вакцини од компанијата. Како пример тој наведе дека на 1 март Бугарија веројатно ќе добие само 52.000 дози на лекот, иако според планот требаше да бидат над 142 илјади. Од тие причини министерот Ангелов инсистираше компанијата утре под итно да испрати 52.000 дози од препаратот во Бугарија, а Софија дури искажа и подготвеност да обезбеди воздушен транспорт за оваа намена.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра