Астероид широк 2 километра во среда ќе пролета покрај Земјата
![]()
Астероид широк речиси два километра ќе пролета покрај Земјата наредната недела, но не се очекува да направи проблеми.
Од новите снимки што ги објави опсерваторијата Аресибо во Порторико се гледа дека астероидот на предниот крај има нешто што наликува на заштитна маска, соодветно на времето во кое што живееме.
Астероидот наречен 52768 првпат бил забележан во 1998 година. На 29 април, тој ќе помине на оддалеченост од 6,25 милиони километри од Земјата, движејќи се со брзина од 31.000 километри на час. Тоа е 16 пати повеќе од дистанцата меѓу Земјата и Месечината.
Ако случајно ја удри Земјата, тоа несомнено ќе предизвика глобални ефекти, велат од НАСА.
„Топографските елементи на еден од краевите на астероидот се фасцинантни, но бидејќи сега цело време мислиме на Ковид-19, изгледа како тој да носи маска“, вели Ен Вирки, шефицата на планетарниот радар во опсерваторијата Аресибо.
Се очекува пролетувањето покрај Земјата да се случи в среда околу пладне.
Ново на Сител
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
