Асоцијацијата на стоматолози од Лерин: Доколку сте патувале во Македонија почекајте пред да дојдете во ординациите
Оние кои посетиле региони со зголемена ендемија на коронавирусот или биле во контакт со такви лица да не доаѓаат во ординациите, ако не поминале седум до 14 дена, апелираат до граѓаните од Асоцијацијата на стоматолози од Лерин (Флорина), повик кој, според грчките медиуми, се однесува на оние кои често патуваат во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Во соопштението, стоматолозите бараат одговорност од нивните пациенти, но и искреност, да ги известуваат доколку патувале, бидејќи велат дека тие не можат да знаат кој каде бил.
Додаваат дека со отворањето на границите кон соседните земји, се појавиле позитивни случаи и во нивниот регион.
-Ги предупредивме одговорните за едностраното отворање на границите. Со која логика не им дозволуваш на граѓаните на соседната земја да дојдат во нашата земја бидејќи ширењето на вирусот таму е големо, а им дозволуваш на твоите граѓани да одат и да се враќаат со веројатност да го пренесат вирусот? Бараш, оние кои доаѓаат да имаат негативен тест, а твоите граѓани кои таму ќе бидат изложени на вирусот, единствено ги регистрираш и ги остава да се движат во заедницата?, велат од Асоцијацијата на стоматолози од грчкиот град.
Во изминатиот период и градоначалникот на Лерин, но и на други погранични грчки градови апелираа до граѓаните да ги избегнуваат или да ги сведат на минимум патувањата кај нас.
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
