Асфалтирани улици во пробиштипската населба „Камењар“
Во пробиштипската населба „Камењар“ заврши асфалтирањето улици во должина од три километри. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска изјави дека останува да се асфалтираат уште улици во оваа населба во должина од еден километар.
Градежната фирма, која го има добиено тендерот ги има подготвено и тампонирано улиците, сега се чека само да престанат дождовите и во рок од неколку дена и овие улици да се асфалтираат.
- Станува збор за околу 20 улици кои се асфалтираат во населбата Камењар. Во долниот дел од населбата се веќе асфалтирани. Со овој проект имаме опфатено покрај асфалтерските работи и изградба на дел од водоводниот и канализациониот систем, кои што овде се правени од сопствени средства на граѓаните и затоа ние мораме со изградбата на улиците да ги поправиме сите оние шахти кои се наоѓаат на самите улици, со цел да не дојде до поголеми хаварии, вели Тоневски.
Тој најави дека деновиве ќе почнат и градежните работи на улицата „Тодор Александров“, чија санација општината ќе ја чини околу пет милиони денари. Во Пробиштип ќе се работи и на улицата „11 Октомври“, за која средствата се обезбедени од Светска банка. Во рударскиот град Пробиштип годинава во изградба на нови улици се инвестираат околу еден милион евра.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните
-
Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време
-
Приведени две лица од Радовиш, сторители на 14 тешки кражби
-
Утре средба Мицкоски - Таравари, за премиерот е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после полноќ
-
Министерство за туризам на Грција: Посетителите со кампери и приколки можат да се паркираат во организираните кампови
-
Шајнбаум: Го отфрлив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико
-
Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија