Асфалтирана улицата ,,Борис Кидрич” во Берово

Заврши реконструкција на ул. „Борис Кидрич", една од најруинираните улици во Берово, која што се приклучува кон регионалниот пат кој води кон општина Струмица.
Градежните активности за асфалтирање на оваа улица се одвиваа согласно програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Берово.
Како што информираше градоначалникот Звонко Пекевски, асфалтирањето кое е во должина од 372 метри ги поврзува раскрсницата од регионалниот пат Берово - Струмица со раскрсницата на улиците Велко Влаховиќ и Јуриј Гагарин.
- За оваа активност претходно е извршено е грабање на постоечкиот асфалт и пополнување на дупките и потоа е извршено целосно асфалтирање со асфалтирање со асфалтна маса со дебелина од 5 сантиметри при што на неколку места е извршено и проширување на патот со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Со асфалтирање на улицата ја подобруваме патната инфраструктура во градот и се делува во подобрување во квалитетот на граѓаните, што е основна цел во политиките на локалната самоуправа, рече Пекевски.
Вкупната вредност на договорот е 2 милиони и 198 илјади денари, а средствата целосно се обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2018 година.
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
