Аселборн: Унгариja трeба да биде исклучена од ЕУ

Унгарија треба да биде исклучена од Европската Унија, смета луксембуршкиот министер на надворешни работи и европски прашања, Жан Аселборн, пренесува ДПА.
- 3емјите како Унгарија, кои креваат огради заради бегалците од некоја војна, или оние, коишто ја нарушуваат слободата на говорот и независноста на судството, треба привремено, а некаде и засекогаш да бидат исклучени од ЕУ. Тоа е единствениот начин да се сочуваат единството и вредностите на Унијата, изјави Аселборн во интервју за денешен „Велт".
На 2 октомври во Унгарија ќе има референдум, на којшто граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето - дали ги прифаќаат квотите за прераспределување на мигрантите во државите членки на ЕУ.
Аселборн ја даде изјавата неколку дена пред унгарскиот премиер Виктор Орбан да се сретне со лидерите на другите земји од Унијата, коешто е закажано за в петок во Братислава.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
