Аселборн: „Фронтекс“ можно е да биде распореден и во Србија и во Македонија
Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн изјави денеска дека пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс може да биде распоредена дури и во држави што не се членки на Унијата, како Србија и Македонија.
Покрај тоа, Аселборн во изјава за германското радио Дојчландфунк вели дека и членките на Унијата што не се на надворешните граници треба да дадат поголема помош на пограничните држави.
– Имаме големи проблеми во Србија и во Македонијам на пример, а сега не е можно Фронтекс да им помогне на тие држави. Сепак, тоа ќе се промени, истакна шефот на дипломатијата на Луксембург, држава која сега претседава со Унијата.
ЕК денеска ќе предложи бројот наприпадниците на Фронтекс да се зголеми за шестпати во однос на сегашниот број.
Аселборн додаде дека Фронтекс ќе има задача и да оствари депортации многу поефикасни отколку досега. Според него, Шенген-зоната ќе опстане ако бидат заштитени надворешните граници на ЕУ.
Ново на Сител
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот