Македонија
6. September 2018 - 16:15

Аселборн: Драги македонски граѓани ве чекаме во ЕУ и НАТО - референдумот е избор за минатото или иднината

„Драги македонски граѓани ве чекаме во ЕУ и НАТО“

Вака шефот на дипломатијата на Луксембург им се обрати на македонските грагани дваестина дена пред референдумот, кој го оцени како одлучувачки за иднината на земјата. Тој порача дека излезноста мора да биде висока, а тоа , како што истакна ќе биде во интерес и на Македонија и на ЕУ.  Македонија со решавање на спорот со името покажа дека го заслужува  датумот за почеток на преговорите со Унијата, рече Аселборн, но се огради дека за други датуми не би зборувал.

Ке беше политичка грешка ако не се направеше исчекор и во јуни да не се донесе позитивна одлука. Одлучивме дека сега е моментот да кажеме „да“ за вашата земја, донесовте решение за името, и не можевме да чекаме две или три години за одлука, ако ја одложевме, ќе испратевме негативен сигнал за целиот регион, рече Аселборн. 

На новинарско прашање дали доколку Луксембург би се нашол во ситуацијата на Македонија, за да го промени името, тој рече оти прашањето е сложено. 

Тоснко - Тука не станува збор за името во вашиот случај, туку и за идентитетот, на државата, на народот, и некогаш за да се пронајде решение патот е долг, но резултатот сега е веќе на масата. И кога јас би бил Македонец, би одговорил „да“ на ваквото решение, рече Аселборн.

Димитров потсети на заслугите на  Аселборн кој на Советот на министрите на ЕУ во Луксембург пред 4 месеци лично се заложи и притисна на МАкедонија да и се  даде датум за  за преговори во јуни 2019, иако Франција, Холандија и Данска беа против

 Со Луксембург не врзува и симболика, токму во Луксембург е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ во 2001 година, со Жан ова е трета билатерална средба во многу клучен период во екот на кампањата за референдумоит на 30 септември, кога ние и граѓаните ќе одлучиме Македонија да стане 30-та членка на НАТО, и што ќе го отвориме европскиот пат за државата, рече Димитров.

На денешната средба во македонското МНР, Димитров и Аселборн потпишаа  Договор за класифицирани информации.