Асанж во затвор доживеал мозочен удар, тврди неговата вереница Стела Морис
Вереницата на Џулијан Асанж, Стела Морис, денеска откри дека основачот на Викиликс на 27 октомври доживеал мозочен удар во затворот.
-На Џулијан му е тешко и јас се плашам дека овој инцидент може да биде претходник на поголем напад. Тоа само ги зголемува нашите стравови за тоа дали тој ќе може да ја преживее оваа долга правна битка, што се уште трае, рече Морис, кој има две деца со Асанж.
Мозочниот удар се случил во октомври, месецот во кој Асанж беше испрашуван од Високиот суд преку видео врска од затворот Белмарша.
„Тоа ги зголемува нашите стравувања дека тој нема да ја преживее оваа долга правна битка. Се треба да се реши под итно. Погледнете ги животните заробени во кафези во зоолошката градина. Тоа им го скратува животот. Тоа е она што се случува со Џулијан. Постојаните тужби се психолошки исклучително стресни“, додаде таа.
Таа истакнува дека на Асанж му недостасува свеж воздух, сончева светлина и соодветна исхрана.
Морис кажа дека на 27 октомври Асанж бил премногу болен за да присуствува на рочиштето, но дека судијата не му дозволил да го одложи рочиштето.
-Сигурно беше ужасно да се слушне жалбата на Високиот суд, во која не можете да учествувате, што зборува за вашето ментално здравје и ризик од самоубиство. Беше во навистина ужасна состојба. Неговиот поглед беше неконзистентен, десниот очен капак не сакаше да се затвори, ја губеше меморијата, изјави Морис.
Асанж потоа бил прегледан од лекар, кој открил потенцијално оштетување на нервите.
Да потсетиме, основачот на Викиликс Џулијан Асанж е се поблиску до екстрадиција од Велика Британија во САД, откако американската Влада минатата недела го доби случајот за екстрадиција во Лондон.
Високиот суд на Обединетото Кралство ја одобри жалбата на американската Влада на одбивањето да го екстрадира Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија под обвинение за шпионажа.
Тој се бара во САД поради објавување на илјадници доверливи документи преку Викиликс во 2010 и 2011 година.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 175 години.
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница