Свет
23. February 2016 - 12:47

Асад прифаќа предлог на САД и Русија за прекин на огнот

Сирискиот претседател Башар Асад го профаќа договорот меѓу САД и Русија за прекин на огнот, објавија сириски државни медиуми.

Властите во Дамаск соопштија дека е прифатен руско-американскиот предлог за прекин на воените дејствија во Сирија, но ќе продолжат да војуваат против „терористичките групи“ како Исламска држава и Фронтот Ал Нусра.

Договорот меѓу САД и Русија подразбира дека прекинот на непријателствата ќе стапи во сила на полноќ на 27 февруари.

Терористичките групи Исламска држава и Џабат ал Нусра, која е забранета во Русија, не се вклучени во договорот.