Асад: Дамаск ќе ги исполни своите обврски од договорот за примирјето
Сирискиот претседател Башар ел Асад во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин потврди дека властите во Дамаск се подготвени да ги исполнат своите обврски од руско-американскиот предлог-договор за прогласување прекин на огнот меѓу владините сили и бунтовниците во Сирија, соопшти денеска Кремљ.
- Асад посебно ја нагласи подготвеноста на сириската Влада да работи на воспоставувањето на примирјето, се наведува во соопштението.
Како што јави ТАСС, Путин и Асад во телефонскиот разговор нагласиле дека е значајно да продолжи бескомпромисната борба против Исламската држава, Фронтот ал Нусра и остантите групи вклучени на листата на терористички организации на Советот за безбедност на ОН.
Според Асад, примирјето, што треба да стапи во сила во петок во 22 часот по Гринич (23 часот по средноевропско време), претставува „важен чекор кон политичко решавање на конфликтот“.
Сириските власти вчера соопштија дека го прифаќаат руско-американскиот предлог за прекин на огнот во Сиирја, но дека ќе продолжат со борбите против „терористичките групи“ како што се ИД и Ал Нусра.
Ново на Сител
-
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од штипско Степанци, велат од ЦУК
-
Врчак: Последната песна со Андреј ја снимивме неколку дена пред да загине
-
Шокантниот пресврт на Трамп со царините ја фокусираше трговската војна на Кина
-
Русија синоќа ја нападнала Украина со 145 дронови
-
Семејството на Теодора: Зошто иницијативата „Кој е следен“ нема никаков интерес за нашиот случај?
-
Влада: Зголемувањето на платите продолжува
-
Трамп и Путин сакаат Зеленски да си замине: Дали се можни избори додека трае војната?
-
Зеленски: Новите разговори со Американците може да се одржат следната недела