Фудбал
30. April 2021 - 9:40

Артета по поразот од Виљареал: Имаме активен резултат пред реваншот

Тренерот на Арсенал, Микел Артета верува дека неговиот тим може да ја надополни негативата од еден гол по првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа со Виљареал (1:2).

– Не сакавме да загубиме, ама кога веќе сме поразени, тогаш ова е веројатно најдобриот резултат што би можеле да го добиеме. Мечот имаше две различни половини. Во второто полувреме се пронајдовме. Во првото полувреме имаше многу моменти кога не личевме на самите себе. Немаше доволно контрола. Немаше доволно закана и желба да се нападне противничкиот шеснаесетник. Сигурен сум дека имаме шанса да победиме во реваншот, изјави Артета во интервју за „БТ Спорт“.

Возвратниот меч е закажан за 6 мај во Лондон.