Македонија
15. September 2019 - 14:30

Арсовски: Заев се обидува со неправна гимнастика политички да влијае врз правото во државава

Зоран Заев се обидува со неправна гимнастика политички да влијае врз правото во државава. На дело се случува рушење на правната држава и правниот систем, со цел Зоран Заев да создаде нова Катица на местото на Катица Јанева и на тој начин да продолжи политичкиот прогон, монтираните случаи против политичките неистомисленици, рекетирањето и Луј Витон правосудството.

Но филмот „Како Зоки замислува правда“, не може да се случи. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говорат и правните експерти и познавачи на проблематиката.

Брзоплети и експериментални решенија по нарачка на Заев наместо право и правна држава може да донесат само нов хаос и правен пазар.

Имено, надлежноста на СЈО беше дефинирана со специјален закон и предметите кои тоа ги водеше, а кои произлегоа од нелегално прислушкуваните материјали. СЈО согласно овој закон беше ЕДИНСТВЕНО надлежно за овие предмети и имаше јасно дефинирани ингеренции, рокови и одредби и истите може да се менуваат само со нов закон донесен исто во Собранието со согласност на политичките субјекти како и пред 4 години.

Второ не постои одредба во законот со која може предметите да се пренесуваат туку така на Јавното обвинителство, уште помалку кога носителот на претходните надлежности, Специјалната обвинителка Катица Јанева е во притвор и со сомнителни пола куцани, пола рачно пишувани писма, без печат и непотврден потпис им ги предава на некоја друга важна институција од ваков ранг. Вака ни бавча за садење не се пренесува во надлежност, а не пак обвинителски акти. Дотолку повеќе што со ова се крши членот 60 од законот за Јавното обвинителство каде е предвидено – јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор, тој може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка за негово разрешување, одлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.

Правна држава подразбира почитување на Законите и Уставот. Прекршувањето на овој член од страна на Јовески може да биде санкционирано со член 353 ставoви 1, 2 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Не може правните вратоломии на Заев, без ново законско решение, да создаде нова продолжена маша за политички уцени од една страна, но и амнестија на криминалите на оваа власт што во моментов ги прави од друга страна.

Законите важат за сите, вклучително и за Заев, и за Катица Јанева, Јовески, Рускоска, Кики, Фрики, Шеки, Баки и сите останати ликови кои директно или индиректно се вмешани со чинење или нечинење во мега скандалот рекетарски октопод.

Јавноста виде и слушна каков криминал е правен, со амин и поддршка на власта и не може таквиот криминал да се амнестира, или забошотува, туку мора целото клопче да се одмота до крај, до главата на октоподот кој се наоѓа во власта на Зоран Заев и СДСМ.

Обидите да се создаваат решенија по мерак на Заев со кои Луј Витон правосудството ќе гони и ќе амнестира надвор од законот е атак директно врз правдата во Република Македонија.

Правдата ќе победи и тоа ќе биде конечниот крај на оваа криминогена власт предводена од Зоран Заев.

Прашање: Утре престанува мандатот на останатите обвинители од СЈО, предметите се селат во јавното обвинителство, кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дали сметате дека е потребно да се донесе законско решение, а потоа предметите да се пренесат?

Одговор: Во однос на ова прашање ние уште од поодамна апелиравме до Зоран Заев и до Рената Дескоска дека е многу важно што побрзо да се донесе законот за јавно обвинителство бидејќи во моментов не функционира правната држава и треба да се донесе закон кој треба да ја профункционира правдата во Република Македонија.

Во однос на целата оваа ситуација каде што СЈО и целата власт на Заев се заглавени во еден криминален рекетарски октопод многу е важно да се донесе закон преку кој ќе може веднаш потоа откако ќе се избере нов шеф на тоа ново обвинителство, да се истражат сите овие случаеви, да се истражи актуелниот рекетарски октопод, можеби најголемиот случај во историјата на Република Македонија и веднаш потоа да се истераат и сите останати предмети.

Во моментов единствено гледаме дека Заев и СДСМ и Дескоска не им важно да се почитуваат законите и Уставот, туку единствено им е важно по своја желба да манипулираат во правосудството и да се обидат да се амнестираат од целиот криминал кој што го прават во моментов.

Прашање: Министерот за здравство, Венко Филипче најави јавна дебата за потпишување на јавно приватно партнерство за брзата помош?

Одговор: Во однос на Венко Филипче неколку пати сме напоменале, министерството за здравство во моментов е претворено во приватна интситутција. Гледаме како се делат тендери, гледаме како се делат приватни партнерства на блиски луѓе на Венко Филипче, на блиски луѓе на СДСМ. Гледаме дека во моментов во министерството за здравство се случува историски најголемиот тендер кој што го објавуваат од половина милијарда евра за Клиничкиот центар.

Коментарот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на јавната дебата на Венко Филипче е дека најверојатно штом веќе ја најавува има некоја потенцијална фирма блиска до СДСМ и до Зоран Заев која што би можела да го преземе и овој дел од функционирањето на здравството. Се што претходно отпочнаа да работат на тој начинј дали со јавно приватно партнерство, дали со тендер на подолг рок, тука да го споменам тендерот за стерилизација за реагенси итн., е со со една цел, да го добијат блиски луѓе на СДСМ и на Филипче кои што подоцна може да профитираат

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ