Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе законот за амнестија за настаните од 27 април
Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се вклучи во процесот на поднесување на уставни измени и амандмани и дали очекувате фидбек од владејачкото мнозинство за идејата за Закон за амнестија, што се тој би опфатил?
Одговор: Ќе пробам парцијално да Ви одговорам првин на првиот дел на прашањето, па на вториот.
Во однос на првиот дел од прашањето за уставните измени, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во текот на денот ќе има координација со раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на усогласување за стратегија за делување на наредниот период. Така да веднаш штом се усогласи таа стратегија, штом се договори ќе биде презентирана во медиумите.
Во однос за амнестијата морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ веќе во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април, сите лица нормално опфатени по скратена постапка. Мислам дека веќе во понеделник ќе го имаат медиумите тој закон кој што е составен од страна нормално склопен од врвни правници кои што учествуваа во градењето и правењето на тој Закон за амнестија за лицата од 27-ми април.
Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна
-
Мицкоски на средби со ЕУ челниците во Брисел - Ќе пренесел порака за фрустрацијата на македонскиот народ
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Стотина прехранбени производи еден месец ќе имаат ограничена бруто профитна маржа до 10%
-
Мицкоски: Задолжувањето не е кинеско, ако ви пречи Кина зошто потпишавте договор со нив?