Арсовски: Високата цена која ја плаќаат македонските граѓани го билда евроскептицизмот
Незадоволството на граѓаните од стагнацијата на процесот, високата цена која ја плаќаат македонските граѓани за влезот во ЕУ и сентиментот дека ЕУ не го испорачува ветеното се главните причини поради кои опаѓа поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, вели за Детектор политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
„Ние сме можеби во најкритичниот период на таа разочараност бидејќи во основа се работи за една повеќе емотивна односно рационална компонента. Сепак 55% се вкупно „за“ и можеби ја доживуваат ЕУ како некоја аспиративна вредност, но емотивно се незадоволни од неиспораката на напредокот кон ЕУ. Исто така е загрижувачки, односно индикативно дека кај македонската етничка заедница таа поддршка е уште помала, тоа би требало да ни биде индикација дека таа е сепак некако поврзана со францускиот предлог, протоколот, преговарачката рамка и цената која етничките Македонци сметаат дека ја плаќаат“ – вели Арсовски за Детектор.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила