Арсовски: Веднаш да се запре уништувањето на Охрид

Зоран Заев и криминалниот картел на власт глумат правна држава, а всушност се директни поддржувачи и иницијатори на беззаконие, самоволие и криминал.
Наместо да организираат спектакуларни акции, доколку навистина сакаат да го спроведат законот тогаш треба да го запрат уништувањето на Охрид на кое му кумуваат градоначалникот Константин Георгиевски и неговиот политички ортак, Нефи Усеини.
Со месеци надлежните институции со прст не мрднуваат за изградбата на нелегалната тераса сред Охридска чаршија до чинарот, но и не мрднуваат со прст за изградбата на нелегалната бетонска база која што никна на самиот брег на Охридското крајбрежје. Да беше тутун насаден од некој земјоделец досега сигурно ќе испратеа специјални сили со полна воена опрема, вилушкари, камиони, багери и разновидна механизација, но кога се работи за човек со кој се во директен политички пазар тогаш молчат и со тоа го охрабруваат да направи уште некоја нелегална градба сред Охрид.
Ова се двојните стандарди на криминалниот картел на Зоран Заев, без разлика дали е на централно, дали е на локално ниво. Тие двојни стандарди значи дека овој криминален картел нема врска со владеењето на правото и правната држава.
Повикуваме уште еднаш да се одважат и охрабрат надлежните институции и соодветно да реагираат и да го санкционираат ова беззаконие на советникот Нефи Усеини. Зоран Заев е на колена и не смеат да му дозволат тој и неговите бизнис-политички партнери криминално да се богатат на сметка на интересите и на народот.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски: За две години остварени околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции, разликата со претходната влада е огромна
-

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на УНОДЦ: Борбата против дрогата да се води со координиран пристап
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
