Арсовски: Не знаеме каде е Груевски
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, попладнево изјави дека не знае каде се наоѓа поранешниот премиер и почесен претседател на партијата Никола Груевски и оти немаат информации дека е во Унгарија, како што беше објавено на Фејсбук профилот на Груевски.
За статусот на Фејсбук, Аровски рече дека слушнал од негови партиски колеги пред денешната прес-конференција. Тој рече дека немаат ниту информации дека Груевски добивал закани, како што пишува на Фејсбук.
– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, наведува Груевски во статусот на својот Фејсбук профил.
Засега нема потврда од надлежните македонски власти дали фејсбук статусот е веродостоен.
Од вчера попладнето Груевски се бара со национална потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата