Арсовски: Коста Петров троши 200 илјади евра за себепромоција
Државата тоне во рецесија, над 55.000 граѓани се отпуштени од работа и ги загубија своите работни места како резултат на корона пандемијата и економската криза, а директорот на Фондот за иновации си остварува детски соништа за 200.000 евра да биде актуелен и да се појавува на медиумите.
Коста Петров, кој е потпретседател на СДСМ и директор на Фондот за иновации, склучил рамковен договор со две маркетинг агенции во вредност од 200.000 евра. Само што дојде на функција. Малку му била една агенција, па склучил договор со уште една само за да си снима интервјуа и спотчиња во Фондот за иновации.
Замислете, 55.000 граѓани останаа без работа, стопанството и приватните компании не можат на ред да стигнат до државна помош од фирмите блиски до СДСМ и на функционерите на СДСМ, но затоа Коста Петров како втор човек после Заев, се луксузира и си снима спотчиња и интервјуа за 200.000 евра, пари кои што се на граѓаните.
Во ваква економски криза, ова е огромен скандал, кој го заслужува вниманието на јавноста и на институциите, секако и на медиумите кои први го обелоденија овој скандал.
Затоа, прашуваме, дали Коста Петров со овие 200.000 евра има намера да ги преплати овие две агенции и тие подоцна да работат партиски агенди или веќе работеле за СДСМ, а не знаеме, или дали има намера преку овие две агенции да врши масовен поткуп со реклами на медиуми, што уште еднаш потенцираме дека е забрането законски и казниво со законј?
Како и да е, која и да му е намерата на Коста Петров, Фондот за иновации се покажа како златна кокошка за функционерите на СДСМ и за владата на СДСМ да испумпуваат пари, наместо парите да завршуваат онаму каде што треба како поддршка на стопанството или поддршка за иноваторите.
Чисто за споредба, со нешто повеќе од 200.000 евра се снима и режира нискобуџетен филм.
Ова е начинот на кој СДСМ ги третира државните институции. Очигледно ова беше намерата за влез во политиката на Коста Петров и ова беше намерата да стане директор на Фондот за иновации.
Коста Петров наместо да ги поддржува стопанството и иноваторите, тој си ги поддржува детските соништа да биде присутен на телевизија и тоа многу скапо за 200.000 евра..
Очекуваме одговорност за ова недомаќинско работење и очекуваме веднаш институциите да го преземат и истражат случајот.
Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“