Арсовски: Истрагата за „Рекет“ се води штуро, без интензитет и непрофесионално
Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, кој е десна рака на Зоран Заев, пред само неколку дена јавно на прес конференција проба да ги амнестира сите инволвирани политичари во случајот „Рекет“, изјавувајќи дека немало инволвирани политичари.
Само неколку дена потоа излезе документ од исказ за кој самото обвинителство на Јовевски и на Русковска потврди дека е автентичен и со самото тоа потврди дека според исказот на оштетениот вмешани се целиот политички врв на СДСМ вклучително и Зоран Заев.
Истрагата се води штуро, без потребен интензитет и непрофесионално. Јавното обвинителство се занимава со се, само не со тоа што треба, а тоа е да ја сведе истрагата експедитивно до самиот крај и да се разреши целиот случај во корист на граѓаните. Сега во моментов им е поважно како излегол документот, и дефокусираат, а не има е важно да ги повикаат сите оние инволвирани на распит да го дадат својот исказ за својата вмешаност.
Цели 4 месеци Русковска не повикува никого на распит. За разлика од тоа, во случајот со 27-ми само со еден исказ беа притворени луѓе.
Начинот на кој Зоран Заев ја опструира професионалноста на истрагата и пробува да ја управува по свој терк е само уште една потврда за неговиот, страв, очај и инволвираност во целиот случај „Рекет“.
Зошто сеуште не е повикан Зоран Заев на распит?
Зошто сеуште не се повикани на распит целата фамилија Ременски?
Зошто сеуште не е притворен синот на Катица Јанева, за кој што видовме дека имало директна вмешаност во целиот случај?
Зошто сеуште не е повикана на распит Радмила Шекеринска, да каже што разговарале кај Боки 13?
Кои се други се вмешани во целиот случај на „Рекет“?
Кога ќе бидат повикани на распит сите овие луѓе?
Дали Заев, Русковска и Јовевски сакаат да ја забошотат целата истрага, на тој начин со кој што ќе ја развлечат, и всушност нема ништо да направат?
Почитувани,
Замешани се сите до еден и влезени се до гуша во криминал целата Влада и целото раководство на СДСМ.
Одговорност мора да има за сите до еден. Веднаш штом се смени оваа Влада на СДСМ, сите до еден инволвирани во било каков криминал ќе одговараат. И тоа го ветуваме јавно.
Ново на Сител
-
Баерн загуби на домашен терен од Баер, Нојер доби црвен картон
-
Палејќи оган да се затопли ја запалила куќата, 82 годишна жена загина во пожар во Косевица
-
Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година
-
Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо...Но тој освои три, а јас шест титули во Премиер лигата
-
Леао: Фудбалерите на Милан на натпреварот против Сасуоло покажаа што сакаат оваа сезона
-
Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров