Арсовска: Заеднички регионален настап за интеграција во ЕУ

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска присуствува на Самитот на земји од Западен Балкан кој годинава се одржува во Трст.
Арсовска во своето обраќање порача дека бизнис секторот поддржува регионално здружување кое ќе овозможи заеднички настап на трети пазари кои пак ќе придонесат за социјална стабилност и соработка на регионот, особено за економскиот развој.
- Хармонизирани и ефикасни закони донесени во консултација со бизнис заедницата, добра инфраструктура и енергетски ефикасно користење на регионалните ресурси, поддршка на иновациите се дел од мерките на кои заеднички треба да работиме за брза и квалитетна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, рече Арсовска.
Според неа, потребата од меѓусебна соработка е од суштинско значење за развојот на регионалните проекти од областа на инфраструктурата, транспортот, енергетиката, животната средина, поддршката за малите и средни претпријатија и иновациите.
На самитот учествуваат и шефови на влади, министри за надворешни работи и министри за економија на земјите од Западен Балкан и високи претставници на ЕУ кои ќе дискутираат за спроведувањето на Берлинскиот процес, како и за идните стратешки проекти и програми кои ќе ја интензивираат интеграцијата на регионот во ЕУ.
Во текот на утрешниот ден претседателката на ССК ќе се обрати на конференцијата „Берлински процес 2017: Имплементација на економски реформи и соработка во Западен Балкан“.
Неодамна, Арсовска и европскиот комесар Јоханес Хан го отворија ЕУ Западен Балкан Форум за унапредување на инвестициската клима којшто се одржа во Белград во организација на Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија, на кој беа најавени следните чекори неопходни за интеграцијата.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
