Арсовска: Вадат слика од алманах каде некој ми го згрешил името а не знаат да извадат извод од книга на родени
Независната кандадатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска негира дека има бугарско државјанство, но и дека некогаш се викала Даниела.
- Тие знаат да вадат слика од алманах каде некој ми го погрешил името, а не знаат да ми извадат слика од извод на родени. Луѓе ве молам, јас сум Данела Арсовска родена Македонка од Македонија, со дедо Дане, основно училиште учев во училиштето „Владо Тасевски“, средно училиште учев во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје. Цел живот живеам тука ги почитувам сите вери и сите религии. Сите луѓе од секоја националност, сум православен христијанин, меѓутоа имам пријатели од сите националности и верувам дека тие ќе знаат да го изберат она коешто во овој момент е подоброто решение од ова кое треба да си замине, рече Арсовска.
Ново на Сител
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент