Арсовска: Уморна сум од партизација се надевам дека ќе станам градоначалник на Скопје
Јас лично сум уморна од партизација и затоа ги повикувам сите скопјани да гласаат за мене. Градоначалникот треба да е сервис на граѓаните, без разлика на партија, вера, националност, вели претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, која ја објави својата кандидатура како независен кандидат за градоначалник на град Скопје.
Според неа, таа ја побарала поддршката од неколку партии, но ја радува фактот што се поднесени повеќе независни кандидатури.
-Верувам дека неопходните потписи ќе ги соберам. Затоа ги повикувам сите граѓани од утре да се осмелат и да го дадат мојот потпис за мене, вели Арсовска во гостувањето во Тема на денот на ТВ Сител.
Таа потенцира дека не би се кандидирала доколку нема чисто портфолио.
-Како човек ќе имаме позитивна и достојна кампања. Очекувам поддршка од цела Македонија и луѓето за кои сум се борела. Контурите на тимот ги имам и доаѓаат од сите сектори на општествениот свет, културата, спортот, екологијата…Д-р Виктор Камнар е дел од мојот тим, рече Арсовска и додава дека во првите 2 години, доколку победи, ќе ги оствари сите проекти што ќе ги вети во програмата, а не тоа да бидат на крајот на мандатот.
-Очекувам победа на изборите, затоа и се кандидирам, потенцира Арсовска.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
