Арсовска на средба со градоначалниците на главните градови од Балканот
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска оствари билатерални средби со градоначалниците на Истанбул, Екрем Имамоглу, на Атина, Костас Бакојанис, на Подгорица, Иван Вуковиќ, на Белград, Зоран Радојичиќ и на Сараево, Бенјамина Кариќ, во рамки на самитот во Истанбул, каде што вчера се основа Б40 мрежата на балкански градови.
На средбите се разговараше за проекти кои се приоритетни за Град Скопје, како и за позитивни искуства кои може да се приспособат и имплементираат во нашиот главен град.
Градоначалничката воедно денеска ја потпиша Декларација за соработка на градови од Балканот, со заедничка визија за реализација на проекти, како би се воспоставила плодна соработка во области од заеднички интерес и изнаоѓање решенија на локално и регионално ниво.
Со Декларацијата сите градоначалници се обврзуваат на транспарентно и инклузивно локално управување, засновано на податоци и споделени знаења. Исто така, договорено е веднаш да се направат работни тела меѓу градовите, да се започне со планирање на проекти и работни активности што ќе придонесат за зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот.
Формирањето на мрежата и потпишувањето на Декларацијата ќе им помогне на градовите да ги проценат тешкотиите и проблемите со кои се среќаваат и преку споделување решенија и добри практики, да се олесни носењето одлуки.
Ново на Сител
-
Џамбаски за Љубчо Георгиевски: И двајцата сакаме да нема граница од Охрид до Црно Море
-
Ковачевски - Макрон: Франција е посветена на европската перспектива на Северна Македонија
-
Нови Сад: Маж легна на булевар и го блокираше сообраќајот | ФОТО
-
Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд
-
Владата го овласти амбасадорот Талески да даде согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО
-
Приведена 22-годишна тетовчанка осудена за кражба
-
Скопјанка нападната од лице кое работело како обезбедување во трговски центар
-
Од туѓа картичка си повлекол 18.200 денари