Арсовска: Индустриската зона Визбегово ќе има ист третман како и другите индустриски зони
Кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска денеска беше на средба со претставници на Здружението на индустриската зона Визбегово на која стопанствениците од оваа зона ги отворија сите прашања и проблеми со кои се соочуваат подолго време.
Тие неколку пати до сега барале од надлежните да им се овозможат подобри услови за работење. Стопанствениците посочија дека имаат одлична местоположба, но треба да се подобрат условите во зоната, во однос на инфраструктурата, иако располагаат со многу просторни можности, како и подобрување на целокупната економија. Немаат поддршка од било кој аспект од институциите и кога се обраќаат за помош, сите креваат раце и велат дека не се надлежни. Процесот на гасификацијата се уште не е реализиран, струјата им е единствен начин на користење на енергијата.
Индустриската зона Визбегово се наоѓа во три општини (Бутел, Чучер - Сандево и Карпош) и ова дополнително ја отежнува можноста за отворена соработка помеѓу компаниите и локалните самоуправи за што истакнаа дека во моментов имаат потешкотии.
„Како веќе докажан менаџер ги ценам напорите и залагањата на претприемачите од оваа зона кои се од големо значење како од економски, но и од социјален аспект. Со подобрување на инфраструктурата ќе ја прошириме зоната и ќе направиме место за уште повеќе компании да станат дел од неа и да отвориме уште 1000 нови работни места за нашите сограѓани. Оваа индустриска зона ќе има ист третман како и другите индустриски зони. “ – изјави Арсовска на средбата.
Претставниците на компаниите побараа од Арсовска уште во првите 60 дена кога ќе стане градоначалник, заедно да седнат и да направат акциски план за работење на зоната.
Повеќе од компаниите во индустриската зона Визбегово се домашни компании и профитот кој го реализираат, повторно го инвестираат во државата.
Ново на Сител
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
