Арсовска бара поддршка од советниците за еко-автобусите
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на прес-конференција пред почетокот на 27. седница на градскиот Совет побара поддршка од советниците за набавката на новите еко автобуси.
– На оваа седница од советниците на градскиот Совет бараме поддршка за набавка на новите еко автобуси кои ќе немаат емисии на загадување во воздухот и кои ќе го заменат старите дотраени автобуси кои не нудат задоволително ниво за услуга на граѓаните, истакна Арсовска.
Таа посочи дека со набавката на овие автобуси ќе има дополнително подобрување во јавниот превоз преку намалување на трошоците и на негативниот ефект врз животната средина.
Најави дека денеска пред советниците ќе се најде и одлука за субвенционирање на граѓани и на такси превозници за набавка на нови еко возила на хибриден или електричен погон.
– Овој пилот проект кој за прв пат се имплементира во Македонија и со која Градот Скопје ќе субвенционира 200 илјади денари по возило. Овој проект на Градот Скопје е дел од ветувањата на програмата за Модерно Скопје, а во оваа фаза го лансираме како пилот проект со кој се детектираат потребите и интересот на граѓаните за истиот, рече Арсовска.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж