-->
-->
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-->

Арсенал потврди денеска дека суспендирал 17 свои навивачи поради навредливо и дискриминаторско однесување минатата сезона, вклучувајќи шест членови на клубот кои извршиле онлајн злоупотреби.
Навивачите се суспендирани од сите натпревари на Арсенал во траење од една до три години.
Од 11 прекршоци на стадионот, три биле за сексуално вознемирување, а два за расизам.
Меѓу злоупотребите на социјалните мрежи имало и три смртни закани.
Арсенал соопшти дека продолжува да соработува со полицијата во девет други истраги.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
