Арсенал преговара со Реал за Себаљос
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета потврди дека неговиот клуб е во преговори со Реал Мадрид за да го задржи Дани Себаљос на „Емирати“. „Топџиите“ неодамна го продолжија договорот на Себаљос до крајот на оваа сезона, но договорот не вклучува клаузула за откуп.
Себаљос се очекуваше да се врати во Мадрид на крајот на јули, но по серијата силни натпревари, Артета инсистираше играчот од средниот ред да остане во тимот.
– Двата клуба имаат дијалог. Навистина ми се допаѓа Дани и она што тој му го дава на тимот. Кога дојдов тука, тој не беше достапен поради сериозна повреда, но тој добро разбира што се обидуваме да направиме. Дани има силен карактер да игра и да ја добие топката во секој дел од теренот. Ни обезбедува она што треба, за да ја контролираме играта, вклучително и без топка во нозе. Тој трча, се бори, демонстрира желба да ја земе топката и да му помогне на тимот. Тој напредува и во моментот изгледа како многу добар играч, изјави Артета за „Ивнинг стандард“.
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата