Арсенал бара напаѓач: Осимен е опција за „топџиите“
Арсенал не планираше да биде премногу активен во зимскиот преоден рок, но бидејќи Габриел Жесус ја заврши сезоната, плановите се променија. Лондонскиот клуб бара нов напаѓач.
Неодамна медиумите во Англија пишуваа како Душан Влаховиќ би можел да го облече дресот на Арсенал, но тие гласини некако згаснаа. Последната вест е дека опција за „топџиите“ е и Виктор Осимен.
Нигерискиот напаѓач моментално е играч на Галатасарај на позајмица од Наполи. Осимен заврши во Турција откако пропаднаа преговорите со Ал-Ахли, Пари Сен Жермен и Челси во летниот преоден рок.
Галатасарај нема опција за откуп и Осимен по крајот на сезоната ќе се врати во Неапол, но јасно е дека италијанскиот клуб нема намера да го задржи. Неговиот актуелен договор истекува во летото 2026 година и нема да биде продолжен.
Осимен има ослободителна клаузула од 75 милиони евра во договорот која ќе биде активна од ова лето, додека секој клуб би можел веднаш да го ангажира за сума од 90 милиони евра. Фудбалерот напомена дека планира да остане во Галатасарај до крајот на сезоната, па прашање е дали повикот на Арсенал може да ги промени неговите планови.
Неговата плата моментално е 10 милиони евра, додека турскиот клуб плаќа шест, а Наполи останатите. На 18 натпревари оваа сезона, тој постигна 14 гола и шест асистенции.
Ново на Сител
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот