Армиски хеликоптер го гаси пожарот на планината Серта, ќе му се придружат и полициски и два „ер трактори“
Како засилување на силите што го гаснат од земја, пожарот во општина Неготино, еден армиски хеликоптер започна со дејство врз огнените јазици на планината Серта. Полицискиот хеликоптер се подготвува да полета. Два „ер трактори“ кон Серта ќе полетаат во 10 часот, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.
- Апелираме до месното население за поголема ажурност, следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до ДЗС воздухопловна подршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите, информираа синоќа од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа.
Ова општинско тело, формирано откако избувна големиот пожар, синоќа одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР.
Пожарот на неготинска територија избувна во средата околу 10.30 часот.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година
-
Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен
-
НАТО и Украина ќе разговараат по нападот со новата руска ракета
-
Трамп најави нови царини за Кина, Канада и Мексико
-
Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија
-
Ведро и студено, преку денот сончево