-->
-->
Армија на САД: Граѓаните на Вашингтон „да не паничат” ако видат тенкови на улиците
-->

Во пресрет на парадата за Денот на независноста на САД – 4. јули, во која ќе бидат вклучени воени возила, американската армија ги повика граѓаните на Вашингтон „да не паничат” ако видат тенкови на улиците.
Полковникот Сансет Белински изјави за Си-Би-Ес дека жителите на главниот град „ќе видат возила што се движат во нивно место, но не треба да паничат”.
Тој не прецизира каде ќе се наоѓаат тенковите во центарот на градот. На парадата по барање на претседателот на САД, Доналд Трамп ќе учествуваат борбени авиони Ф-35 и Ф-18, хеликоптери на армијата и на крајбрежната стража. Две борбени возила се забележани денеска во близина на меморијалниот центар Линколн каде Трамп ќе има говор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
