АРМ одбележа 25 години од преземањето на касарната Илинден
Армијата на Република Македонија денеска одбележа 25 години од преземањето на најголемиот воен објект во Македонија касарната Илинден.
Командантот на касарната Бригадниот генерал Орце Јордев во својот говор пред присутните потсети на историските настани кога на 21 февруари 1992 година беше потпишана спогодбата помеѓу претседателот на Република Македонија Киро Глигоров и авторитетите од тогашната ЈНА.
- Како дел од Македонската армија, тогашниот потполковник Гене Станојковски го одржа првиот состанок со старешините во касарната Илинден за формирање на бригада. Состанокот се одржа на 24 март 1992 година кога се изнесени основните визии за формирање на единицата, биле определени должностите на старешините и согледана е состојбата во касарната, истакна Јордев.
Тој потсети и на 26 март 1992 година кога на достоинствен начин и последниот војник на ЈНА ја напуштил касарната без право на враќање.
- На тој ден на пистата се построија последните припадници на ЈНА и единиците на Штабот на ТО на Општина Чаир. На тој свечен чин на 26 март 1992 година беше засекогаш симнато знамето на Југославија, а се крена знамето на независна Македонија, рече Јордев и додаде дека од тој ден Бригадата ја воспоставила целосната контрола над касарната.
Првиот командант на касарната Илинден Гене Станојковски се потсети на првите моменти од преземањето на Касарната во негова должност при што рече дека посебно се посветиле на приемот на првите регрути кои после дадената свечена обврска ја преземале, односно ја обезбедувале границата кон тогашна Југославија.
Според првиот командантот на стражата во касарната, Јанче Андоновски, покрај нивната редовна работа обезбедувањето, тие учествувале и во прифатот на старешините од тогашната ЈНА Македонци кои по апелот на Владата на Македонија се вратиле во АРМ.
Жаклина Поповска претставник на ТО на Општина Чаир која прва го кренала македонското знаме во касарната, рече дека тоа искуство никогаш нема да го заборави и дека се надева дека пак ќе се врати отслужувањето на воениот рок.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила