Аркан, Фукса, Жилет, Пајсер: Еве како Жељко Ражнатовиќ и останатите ги добиле своите прекари
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/january/zeljko-raznatovic-arkan-foto-shutter-1440977543-730137-35295.jpg?itok=1jL3zQjG)
Илјадници фанови го следат профилот, а многумина се прашуваат како некогашниот командант на Српската доброволна гарда го добил својот прекар. Самиот Ражнатовиќ тоа го открил своевремено гостувајќи во емисијата кај Милован Илиќ Минимакс.
„Кога бев многу мал, гледавме некој воен филм во кој командант беше некој Аркоманд. Затоа што јас тогаш, меѓу децата бев командант, од Аркоманд, многумина почнаа да ме викаат Аркан. Така настана мојот прекар“, открил Жељко во емисијата.
Момците и криминалците од „белградскиот асфалт“ имаа чудни прекари како Ранец, Пајдо, Фукса, Жилет, Пајсер, Лопата, Шмрки итн, а еве како ги добиле прекарите:
Душан Кнежевиќ - Бука Ал Капоне - Поминувал доста време во Мостар, околу киното „Зеленгора“. Продавал мелеко и „се шверцувал“ во кино салите за да гледа филмови за американскиот гангстер Ал Капоне.
Миле Ѓорѓевиќ - Бомбона - Кумот на Аркан својот прекар го добил поради бомбоните кои што секогаш ги носел со себе.
Ѓорѓе Божовиќ - Дебели - Прекарот го добил уште како дете, очигледно поради големата килажа.
Горан Вуковиќ - Мајмун - Убиецот на Љуба Земунац, прекарот го добил поради способноста од надворешната страна да се качува на втор спрат од зградите.
Раде Чалдовиќ - Чента - Соработникот на Љубомир Магаш прекарот го добил по аргентински боксер затоа што тој спорт се занимавал додека живеел во Штутгарт. Втора верзија е дека Чента го нарекувале по некој вид на гулаб.
Владимир Милисављевиќ - Будала (Земунски клан) - Прекарот го добил по тоа што бил единствениот од криминалниот клан кој имал завршено факултет, па сите го исмејувале и го нарекувале будала. Тој бил најинтелегентен член на бандата и зборувал неколку светски јазици.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом