Македонија
29. December 2016 - 18:36

Арифи: Тетово од идната година ќе има чиста вода за пиење

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, денеска ги претстави реализираните проекти и постигнатите резултати на општината во изминатата година.

Како еден од најголемите успеси Арифи го издвои завршувањето на целата траса од 8,5 километри од новиот водовод најавувајќи дека со поставувањето на потребната механизација во филтер станицата, од идната година конечно Тетово ќе има чиста вода за пиење во доволни количини.

- Во текот на двете изминати децении сите бевме свесни дека водата претставува основна човекова потреба што треба да ја користи секој жител од Тетово, но тоа што не разликува нас од истомислениците во текот на изминатите години е фактот дека ние дејствуваме, чесно работевме, не придобивме на криминален начин од фондовите издвоени за довршување на водоводната мрежа, аплициравме со проект за филтер станица во Европската банка за обнова и развој, го добивме грантот и сега се наоѓаме во завршна фаза од проектот, рече Арифи.

Се осврна и на успешните резултати на новоформираното јавно општинско претпријатие Градски паркинг, но и ЈКП Тетово чиишто вработени меѓу другото поставиле нови 150 контејнери за собирање на смет на 11 локлации, можноста за плаќање на сметките за комуналии преку системот „Pay - pal“, засадувањето на 640 нови дрвја и другите активности покрај редовните работи за одржување на хигиената во градот и собирањето и транспортот на отпадот.

Во своето излагање Арифи ги посочи и зафатите за обнова на повеќе локални патни правци и улици во Тетово и неговата околина како и секундарната водоводна и канализациона мрежа на повеќе локации, обновата на повеќе училишта и други инвестиции.

- Ние сме решителни да продолжиме да работиме со ист интензитет и во следните години, а се со цел воздигнување на Тетово во рамките на развојот, во согласност со стандардите за урбана хармонија и правејќи го безбедено место за почиста средина, со зелени површини, со вода за пиење, со добра патна инфраструктура како модерен град со можности за развој на бизнисот и создавање на таленти, изјави Арифи.