Арифи: Природна непогода ја оштети цевката, благодарност за работниците на ЈКП
Тетовската градоначалничка Теута Арифи на социјалната мрежа Фејсубук објави став по однос на двонеделниот проблем со недостиг на вода за пиење и замената на уништениот 60 метарски цевковод од новиот водоснабдителен систем. Таа потенцира дека станува збор за природна непогода и дека тоа одвај го чекале некои луѓе за ново критикување.
-Потребно беше само природна непогода да се оштети главната цевка на новиот водовод во градот и да биде доволно за да се отворат злите усти на оние кои едвај чекаат на тоа и да почнат да фрлаат со дрва и камења кон чесните луѓе кои работеа дaвајќи се од себе. Бескрајна благодарност до овие луѓе кои работеа со денови во исклучително тешки услови за да обезбедат вода за сите нас. Оние што со години го оставија Тетово без вода и кои до ден денес живеат со таа нечиста совест, ваквите празни муабет нема да им ја исчистат истата. Ова им го должиме на обичните граѓани, се разбира, дури и повеќе од тоа, се вели во објавата на Теута Арифи.
Вработените во тетовскиот водовод завршија со поставувањето на новиот цевковод од 60 метри во мрежата на новиот водоснабдителен систем со што се очекува од денес да почне нормализирање на снабдувањето со вода во Тетово.
Денеска е деветтиот ден како во градот има недостиг на вода и рестрикции откако на 23 февруари беше утврдено уништување на 60 метри од цевкодовот од новиот водоснабдителен систем поради ерозија на земјиште во планинската месност Лешница.
По девет дена вчера заврши поставувањето на нов цевковод со големина од фи-500 по што беа пуштени првите 50 литри како доток на вода од новиот водоснабдителен систем. Постепено треба да се пушта и повеќе вода во системот и да се укинат рестрикциите кои беа воведени минатата недела.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп