Арифи го посети Одделот за мамографија во Клиничкиот центар во Тетово

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи денеска го посети Одделот за мамографија и диагностицирање во Клиничкиот центар во Тетово. Активноста беше дел и по повод мегународниот месец на борбата против ракот на дојката.
Арифи посочи дека таа ја има поминато и надминато оваа болест и оти со вакви и слични активности ќе им се овозможи на повеќе жени навремено да го откријат ракот на дојката и да се справат со него, бидејќи медицинаскат процедура околу прегледот трае околу половина час и е сигурна и безболна.
- Октомври е месецот за зголемување на свеста за ракот на дојките кај жените. Од големо значење е тоа што веќе пет месеци на ова одделение работи мамографот со што и на жените од Тетовско им се овозможува поблиску до нивното место за живеење да се изведе овој преглед. Општина Тетово се вклучува во оваа активност така што во соработка со Клиничкиот центар овозможува бесплатен преглед, скриниг на дојките, за жените над 40 години, како и можност за бесплатен превоз за оние што доаѓаат од руралните места во општината, рече Арифи.
За закажување, додаде, имаме отворено и телефонска линија 044 - 511 - 930.
- Се рзбира дека доколку се утврди појава на рак на дојката не е добра вест и целосно го менува животот но има шанси со соодветни третмани болеста да се победи, потенцира Арифи.
Докторката специјалист радиолог и онколог Вјолца Скендери од Одделот за мамографија и дијагностицирање рече дека покрај мамографот во центарот има можност и за ехо на дојка што се практикува кај помладите од 40 години, но и оти иако во регионот има жени што самоиницијативно закажуваа скрининг, на ниво на општина тоа се само исклучоци. Од друга страна, посочи, навременото дијагностицирање на ракот на дојката овозможува полесна лекрска процедура во справувањето и лекувањето.
Во рамките на денешните активности градоначалничката Арифи заедно со лекарите се прошетаа по улицата „Радован Цонич“, каде посетија повеќе жени претприемачки и поделија совети и брошури за рано диагностифицирање на оваа типична болест за жените.
Ново на Сител
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
