-->
-->
Аргентинците го поздравија рекордот на Меси
-->
Синоќа во Буенос Аирес „гаучосите“ ја совладаа селекцијата на Панама со 2:0, во пријателски натпревар кој во суштина беше прослава на освоената светска шампионска титула на Светското првенство во Катар.
Иако Аргентина доминираше пред околу 83.000 навивачи на „Монументал“, мораше да се чека до 78. минута кога Тиаго Алмада ја погоди мрежата на Панама.Десет минути подоцна дојде редот на Меси да го постигне својот 800. гол во кариерата со одлично изведен слободен удар.
Сега му недостасува само еден 100-ти гол за репрезентацијата.
На натпреварот присуствуваше целата селекција на Аргентина која во финалето на Светското првенство во Катар ја совлада Франција.
Меси и соиграчите ги донесоа семејствата на стадионот, а тренерот Лионел Скалони беше еден од најемотивните, тој беше во солзи и пред и по натпреварот.
По натпреварот, славењето продолжи, а централното место го зазеде насмеаниот Меси.
"Сакам да ви се заблагодарам за сета љубов што ја добивме... Ви рековме дека ќе направиме се што е можно за да го освоиме Светското првенство. Да уживаме во овој момент, бидејќи е тешко да се освои Светското првенство", рече видно емотивен Меси .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп
-
Најмногу дожд во Крива Паланка, Виница и Струмица
-
Приведен возач во Штип, возел со 2,10 промили алкохол во крвта
-
Муцунски на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор
-
Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод
-
Илиоски ја одбрани титулата светски првак
-
Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
-
Свежо време со повремен дожд и северен ветер