Балкан
20. August 2015 - 9:52

Арбитражниот суд подготвен да именува судии во спорот меѓу Хрватска и Словенија

Постојаниот Арбитражен суд во Хаг соопшти дека самиот ќе именува хрватски и словенечки судија и потоа ќе го проучи хрватското откажување од арбитражниот договор, пренесе Хина.

Судот на ова се одлучи откако двете земји во дадениот рок не предложија замени за хрватскиот и словенечкиот арбитер Будислав Вукас и Рони Абрахам, кои си поднесоа оставки.

Хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања не сака да ги коментира најавите на судот од Хаг и потестува дека арбитражната постапка е неповратно компромитирана со постапките на словенечката страна.

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека за Словенија е битно арбитражниот суд да ја продолжи работата за решавање на граничниот спор со Хрватска и постапката да ја заврши со конечна пресуда.