Арбер Адеми: Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка
Нема време за лажни вести. Не смее лажните вести да преовладуваат, туку вистината да преовлада. Затоа сме денеска тука да разговараме со аргументи. Нема штета од дискусија, разговори, преговори, објаснувања и дообјаснувања со сите засегнати страни, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми пред денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници.
– Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка без фусноти, без ѕвездичка, без дополнителни објаснувања. Велат дека немаме старт на преговори. Ќе имаме старт на преговори, тоа вчера беше истакнато и од страна на претседателот на Европскиот Совет и дека ние и Албанија би стартувале веднаш со преговори, со скрининг процес којшто го поминале сите земји членки. Така што и ние и Албанија заедно ќе поминеме низ тоа, изјави Адеми.
Додаде дека лажни вести се информациите дека нема преговарачка рамка и дека протоколот е дел од преговарачката рамка.
– Во преговарачката рамка се вели дека европското законодавство ќе се преведе на македонски јазик со што се потврдува дека македонскиот јазик е официјален и ќе биде службен јазик на ЕУ. Мислам дека тоа е придобивката од предлогот што го имаме за да нема лажни вести низ општеството, низ јавноста. Унилатерална изјава можно е да има, но со ЕУ ние ќе комуницираме на македонски јазик и македонскиот јазик е чист во овој правец. Македонскиот јазик што и вие и јас го зборуваме, рече Адеми, додавајќи дека на македонски јазик ќе се потпише и договорот со Фронтекс, кој беше закочен поради тоа што беше оспоруван македонскиот јазик.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
